Home » Бред Пит најави крај на кариерата

Бред Пит најави крај на кариерата

by Журнал.мк

Актерот Бред Пит најави дека со главната улога во филмот „Bullet Train“ можно е да биде неговиот последен голем проект. Тој станал, како што вели, многу пребирлив кога се во прашање понудите, а тоа што го добил досега не ги задоволува неговите критериуми.

„Мислам дека сум во последниот семестар или квартал“, откри Пит.

Во филмот „Bullet Train“ тој глуми убиец кој штотуку се опоравил и се враќа на својата работа со малку погрешно чувство на самодоверба во однос на работната способност.

„Знаете, правите еден месец терапија, доживувате просветлување и мислите дека сте сфатиле се, дека никогаш повеќе нема да бидете изгубени“, накратко рекол Пит за неговата улога во филмот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More