9.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Бред Пит менува професија: Глумата е игра за млади

Најчитани вести

Американскиот актер, продуцент и активист Бред Пит ги изненади обожавателите со изјава во интервју за австралиски „Џеј Кју“. 55-годишниот холивудски шармер рече дека сѐ помалку ќе се појавува пред камерите.

Во интервју за јулскиот број на австралиското издание на „Џеј Кју“, Бред Пит призна дека планира постепено да се повлече од филмската индустрија.

Пит не планира во целост да го напушти Холивуд бидејќи сака да ѝ се посвети на продукцијата.

– Навистина уживам кога ќе се најдам зад камерите, од продуцентската страна – изјавил Бред за „Џеј Кју“.

„Сè помалку глумам. Навистина сметам дека тоа е игра за млади, не е дека нема место за постарите ликови, само мислам дека тоа е природниот тек на нештата“,  признава 55-годишниот актер.

Тој зборувал и за новите платформи за филмови и серии за кои смета дека се добри, бидејќи откриваат колку талентирани сценаристи и режисери има, кои благодарение на сервисите како Нетфликс, имаат прилика да се покажат.

Последниве години Бред Пит прифаќа сè помалку улоги, а освен тоа има и свои бизниси од кои добива големи приходи, што може да му дозволи да се откаже од филмската индустрија./plusinfo.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com