Home » „Бред Пит е актер, а не винар!“ – Анџелина Џоли го исмеа својот поранешен сопруг во новата противтужба (фото) 

„Бред Пит е актер, а не винар!“ – Анџелина Џоли го исмеа својот поранешен сопруг во новата противтужба (фото) 

by Lina Muslija

Актерката Анџелина Џоли поднесе судски документи кои ги дискредитираат тврдењата на нејзиниот поранешен сопруг, актерот Бред Пит, дека го поттикнал нивниот бизнис со вино, велејќи дека тој ги посетувал лозјата само за да се восхитува на работата на француските работници кои, како што тврди таа, го изградиле бизнисот.

Во спорот во кој Бред поднесе тужба против Џоли за тајната продажба на половина од нивната винарија во Франција „Шато Миравал“, Џоли поднесе противтужба против Пит, велејќи дека неговите тврдења се смешни, пренесува Page Six.

– Пит е актер, а не винар. Тој се занимава со илузии, а не со нечистотија и грозје – навела Џоли во противтужбата, додавајќи дека Пит ја „ограбил“ винарницата користејќи ја добивката за несериозни проекти, вклучително и реновирање на студиото за снимање. Џоли и Пит ја купиле винаријата во 2011 година и имале договор никој да не може да продаде половина од имотот без согласност на другиот.

Пит во 2014 година изјавил дека сега е земјоделец и дека го интересира која земја е најпогодна за одгледување грозје, нивото на шеќер, киселоста на грозјето и времето на берба.

Во тужбата поднесена од актерот против неговата поранешна сопруга се тврди дека нејзината одлука да ја продаде својата половина се заканува да го уништи проектот во кој Пит „се вложил самиот“, и дека таа го продала својот удел во компанијата, спротивно на договорот што го направиле додека тие беа заедно, во брак, за инает откако нивниот брак не успеа. Пит во судските документи изјавил дека тој и Џоли имале договор дека никогаш нема да го продадат својот дел од имотот вреден 30 милиони долари без одобрение од другата страна, но Пит преку медиумите во летото 2021 година дознал дека Џоли го продала својот дел на Русин олигарх. Тој тврди дека Џоли тајно соработувала со Јуриј Шефлер, а таа не сакала да го продаде својот дел на Пит бидејќи тој сакал заедничко старателство над децата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More