27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Брегалница ги почнува подготовките, тренерот Илчо Ѓорѓиоски потпиша нов договор

Најчитани вести

Раководството на македонскиот прволигаш Брегалница и актуелниот шеф на стручниот штаб, Илчо Ѓорѓиоски ја продолжија меѓусебната соработка и во следните три години, до јуни 2025 година.

По ова, денеска тимот ќе ги стартува и летните подготовки.

„Потпишавме нов договор за соработка со Илчо Ѓорѓиоски, на тој начин јасно останувајќи на зацртаниот долгорочен пат за издигнување на Брегалница на највисоко ниво во домашниот фудбал. Делејќи ги заедничките определби за етаблирање на Брегалница на врвот од македонскиот фудбал, со именувањето на Ѓорѓиоски амбициите и плановите на клубот за следната сезона остануваат: излез на европската сцена и паралелна промоција и развој на младите талентирани фудбалери на клубот како можност потоа и за интернационална кариера, а се во интерес и воопшто на развојот на македонскиот фудбал“ – истакна сопственикот на Брегалница, Кирил Гогов, веднаш по потпишувањето на новиот договор со Илчо Ѓорѓиоски.

Првата прозивка на стартот од летните подготовки, Илчо Ѓорѓиоски ќе ја има денеска напладне, откако изминативе деновиве беа реализирани задолжителните лекарски прегледи.

Брегалница објави дека го продолжи договорот со напаѓачот Марјан Алтипармаковски, а ново засилување е дефанзивецот Борха Кордоба.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com