Под урнатините на хотелот во Драч постојат сомнежи дека се заробени двајца браќа од Косово, кои таму биле на одмор. Наводно браќата успеале телефонски да побараат помош од под урнатините, но по повикот повеќе не се јавувале на телефонот од кој бил упатен повикот.
Досега нивната судбина е неизвесна и се бараат со кучиња трагачи.