7 C
Skopje
Saturday, March 6, 2021

Бразил ќе потроши стотици милиони за Амазонија од пари на криминалци

Најчитани вести

Претседателот на бразилскиот Сенат соопшти дека државата ќе потроши 245 милиони долари за обнова на амазонските шуми опустошени од илјадниците пожари , добиени од кривични истраги.

Претседателот на бразилскиот Сенат Дави Алколумбре соопшти дека потпишал договор со Врховниот суд за да бидат издвоени милијарда реали (245 милиони долари) , запленети од криминалните истраги во случајот ,,перење автомобили”.

,,Им се заблагодарувам на сите институции вклучени во овие преговори .да ја спасиме Амазонија” , напиша Алколумбре на Твитер.

Операцијата ,,перење автомобили” е истрага што се води против полудржавната компанија за нафта Петробрас за корупција.

Од парите запленети во оваа истрага Бразил ќе ги спасува амазонските шуми , опустошени од пожарите , кои со месеци уништуваат илјадници хектари прашума , со цел да се направат пасишта за да се развива сточарството во земјата , акција што беше поддржана од претседателот Жаир Болсонаро.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести