-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Бразил без Жесус во финалето против Аргентина

Најчитани вести

Напаѓачот на Бразил, Габриел Жесус, ќе го пропушти финалето на Копа Америка. КОНМЕБОЛ, му изрече суспензија од два натпревари на Жесус, поради црвениот картон што го доби во четврт-финалето против Чиле.

Бразил, во четврт-финалето, го победи Чиле со 1:0, иако голем дел од второто полувреме одигра со играч помалку на теренот. Жесус поради брутален старт врз Мена добии директен црвен картон.

Откако во КОНМЕБОЛ, повторно ја прегледале снимката, решиле да ја потврдат суспензија и дополнително да го казнат напаѓачот на Бразил со 5.000 долари.

Бразил нема право на жалба на оваа одлука.

На Копа Америка, Бразил ќе ја брани титулата во неделното финале против Аргентина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com