Home » Бразилскиот селектор им се извини на Арсенал и менаџерот Артета

Бразилскиот селектор им се извини на Арсенал и менаџерот Артета

by Журнал.мк

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите, поради медиумските пишувања мораше да им се извини на Арсенал и менаџерот на овој клуб, Микел Артета.

Бразилските медиуми, изминатите денови, пишуваа дека Арсенал ги започнале преговорите со Тите.

„Сакам да им се извинам на Арсенал и менаџерот Артета. Информацијата дека сум заинтересиран да да работам во Арсенал не дојде од мојот табор, тука нема никаква вистина“, рекол Тите, кој со Барзил супериорно избори пласман на Светското првенство.

„Живееме во време на „фејк њуз“, тажен сум кога ќе прочитам такви лажни вести. Тите има морални вредности, не е предавник“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk