Бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва го поддржува пристапувањето на нови членки во групата на големи земји во развој, БРИКС, во која спаѓаат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.
Групата, во која сакаат да се приклучат дваесет земји, ќе одржи самит од 22 до 24 август во Јоханесбург. Меѓу новите претенденти се Аргентина, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Индонезија, Иран и Венецуела.