17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Бразилска вакум мадеротерапија

Најчитани вести

Мадеротерапијата е развиена во Колумбија и за неа се користат специјални масажери направени од дрво за да се изведува масажата. Она што ја прави мадеротерапијата ефикасна е стимулација на лимфниот систем. Лимфниот систем е одговорен за исфрлање на токсините во организмот предизвикани од лоши животни навики, недоволно движење и лоша исхрана. Благодарение на забрзаниот начин на живот, внесуваме вишок маснотии, шеќер и адитиви, кои потоа се заробени во нашето тело во синергија за да создадеме таканаречена „кора од портокал“ или целулит. Покрај стимулирање на лимфниот систем, мадеротерапијата го активира метаболизмот и телото започнува побрзо да ги отстранува токсините, целулитот и масните наслаги.

Бразилската мадеротерапија не е иста со класичната мадеротерапија. Третманите даваат до 6 пати побрзи резултати во споредба со класичните.
За разлика од класичната мадеротерапија, кај бразилската терапија начинот на работа е сосема поинаков и за време на масажата делуваме во длабоките слоеви на ткивото и ги активираме клетките внатре. Бразилската мадеротерапија се прави со дрвени чаши.

После секој третман, се забележува голема промена во целата област што ја третираме. Ги намалува масните наслаги околу половината, го елиминира вишокот од бутовите, ја стеснува половината, ги дефинира рацете и нозете, ги обликува бутовите и стомакот и прераспределува маснотии на задникот. Со оваа мадеротерапија можете да го обликувате вашето тело и да добиете бразилски задник. Се препорачува од 10 до 15 третмани кои може да ги правите преку еден ден.


Одлични трансформации се возможни и за еден третман.

Советува Сузана Блажевска од Центар за убавина Афродита С.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести