-2 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

Бразилецот Гомес потпиша за Работнички

Најчитани вести

Бразилскиот фудбалер Јаго Виторино Силва Гомес е нов член на Работнички. Тој со клубот од „Градски парк“ потпиша едногодишен договор со опција за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона.

Јаго Гомес пристигна во Скопје и веќе му се стави на располагање на шефот на стручниот штаб Александар Влахо во тренажниот процес, соопштија од Работнички.

Дваесет и шестгодишниот Бразилец ќе ја засили конкуренцијата во нападот. Тој игра како класичен напаѓач, а може да одговори на задачите и на десната крилна позиција.

Претходно настапуваше за португалскиот третолигаш Армасененсес, каде минатата сезона одигра 35 натпревари и постигна 11 гола. Младинските категории ги минал во школата на Фламенго, а потоа кариерата ја гради во Португалија, во клубовите Фаренсе, Лулетано, Лагоа, Фаро, Луситано и Армасененсес.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести