20.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Бочварски: Градежните компании да ги зголемуваат капацитетите и да аплицираат за проекти

Најчитани вести

Градежните компании да ги зголемуваат капацитетите со цел сите да можат да аплицираат на тендерите за инфраструктурните проекти и навреме да ги завршуваат работите, апелираше денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

По тврдења на домашни градежни компании дека изгубиле многу тендери од почетокот на годината и оти бараат да не бидат само подизведувачи во прокетите на државата, Бочварски рече дека доколку градежниците ги исполнуваат критериумите тие се добредојдени на повиците за проектите.

-Можам да апелирам сите градежни компании да аплицираат на повиците, на проектите, секако доколку ги исполнуваат критериумите тие се добредојдени заради тоа што тоа е домашната економија, развојот на градежништвото и домашната економија, аспектот на развојот на државата го темелиме и во делот на градежништвото. Можам да апелирам до сите градежници да ги зголемуваат капацитетите на нивните компании со цел сите да можат да аплицираат и навремено да ги завршуваат работите. Единствено што ја интересира државата е тоа парите што ги вложуваме од страна на граѓаните да бидат навремено реализирани, квалитено вградени во одредени инфраструктурни проекти и да нема никакви доценења, изјави Бочварски, одговарајќи на новинарски прашања пи посетата на инфраструктурни проекти во Кочани.

Бочварски потенцираше, во градежништвото во текот на пандемијата, веќе цела година, нема отпуштања од работа. Тоа, оцени, е добар сигнал дека државата навистина ги движи добро капиталните инвестиции и е силен сигнал дека работиме на развој на градежништвото и во најтешкото време во државата во пандемијата која ги зафати сите. Дополнително, укажа, мерењата кон крајот на минатата година покажаа дека градежништвото покажало и раст.

Министерот за транспорт истакна и дека тековниот процесот за гасификација во државата е многу значен проект, се градат магистралните делници, а по постапката за јавно-приватно партнерство избраниот приватен партнер ќе има обврска да ги гасифицира сите градови низ државата.

-До крај на годината очекувањата се да ги завршиме двата магистрални гасовода до Битола и до Гостивар, а потоа продожуваме и со поврзувањето на интерконекторот со Грција и секако кон Кичево, но паралелно ја водиме постапката за јавно-приватно партнерство. Приватниот партнер ќе има обврска преку развојот на секундарната мрежа преку своите системи да ја донесе гасификацијата, рече Бочварски.

Обврските и временскиот рок за секундарната гасификација, појасни, ќе се знае по изборот на приватниот партнер, а општините се во координација со Министерство за економија, преку кое се одвива постапката за јавно-приватно партнерство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести