20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Бочварски: Годинава ќе се реконструира патот од Охрид до Ресен преку Галичица

Најчитани вести

Годинава ќе се реконструира патот од Ресен до Охрид преку Галичица што ќе придонесе за развој на туризмот во овој регион, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Ресен.

„Во исто време, ЈП за државни патишта проектира и обиколница околу Ресен со која ќе се растерети сообраќајот од тешки товарни возила кои минуваат низ градот“, додаде тој.

На средбата со градоначалникот Живко Гошаревски, министерот Бочварски ја изрази поддршката од централната власт кон општина Ресен и Преспанскиот регион заради економски и туристички развој.

„Уште еден значаен проект е гасификацијата. Оваа година завршува изградбата на магистралниот гасовод до Битола и потоа веднаш започнуваме со проектирање на крак од Битола до Охрид со што жителите на општина Ресен ќе може да се врзат на овој крак од гасоводот“, истакна Бочварски, нагласувајќи дека во завршна фаза е и реконструкција на водоводната мрежа во централното градско подрачје.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести