-1 C
Skopje
Monday, March 8, 2021

Босна веќе нема повластен статус во трговијата со САД

Најчитани вести

Босна и Херцеговина веќе нема повластен статус во трговијата со САД, откако Општиот систем за преференции за БиХ истече на 31 декември 2020 година.

Такво известување добила надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина од Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ, пренесува порталот „Бизнисинфо“.

Ова значи, како што е наведено, дека од споменатиот датум, нормалната царинска тарифа за производи со потекло од Босна и Херцеговина се применува во трговијата со САД.

Разговорите за враќање на овој трговски режим се во тек, но неизвесно е дали програмата, како што беше случај досега, ќе може да се применува ретроактивно и дали извозниците на БиХ ќе можат да ги надоместат царинските трошоци направени во меѓувреме, се наведува во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести