23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Босанските медиуми го обвинија Јанша дека поддржал поделба на БиХ, тој сè негира

Најчитани вести

Наводен нон-пејпер кој, според тврдењата на некои функционери во БиХ и тамошните медиуми, во Брисел го испратил словенечкиот премиер Јанез Јанша, дополнително ги заостри и онака напнатите односни на власта и опозицијата во земјата која кон средината на годината од Португалија го презема претседателството со Советот на Европската Унија.

Откако дописникот на љубљанско Дело од Брисел на Твитер ги презеде шпекулациите од медиумите во БиХ за наводниот неофицијален документ во кој се споменува поделба на БиХ по етничка основа, како завршен акт на распадот на некогашна СФРЈ, наведувајќи дека станува збор за документ за кој во Брисел „веќе некое време се шпекулира“, реагираше Јанша кој вчера наведе дека станува збор за неосновани шпекулации.

„Претседателот на Советот Шарл Мишел, на кого според тврдењата на опскурните портали физички сум му предал некаков документ, последен пат го видов лани. Со ваквите написи се обидува да се оневозможи нашата цел, бидејќи Словенија сериозно бара решенија за развој на регионот и перспективата на државите од Западниот Балкан во Европската Унија“, наведе Јанша во одговорот на Твитер.

Темата за наводната идеја на словенечката влада за поделба на БиХ по етнички граници во меѓувреме стана вирална и на словенечката политичка сцена, и онака разнишана поради немањето јасна слика за тоа дали има ослабената влада на Јанша парламентарно мнозинство со кое би можела стабилно да го продолжи мандатот.

Јанша поради наводниот неофицијален документ за БиХ испратен во Брисел на Твитер го нападна Тања Фајон, лидерката на словенечките Социјални демократи и европарламентарка, најверојатната противкандидатка на Јанша за премиерската позиција на следните парламентарни избори, без оглед дали предвремени или во редовниот рок следната година.

„Ако извештаите на медиумите од БиХ и изјавите на дипломатите во регионот се вистинити, тоа може да биде многу штетно за Словенија“, наведе Фајон, додавајќи дека од Јанша бара одговор и објаснување

„И јас деновиве добивав повици и бројни загрижени пораки од БиХ кои предупредуваат дека премиерот Јанша се обидува да го доврши планот Милошевиќ-Туѓман за формирање големи Србија и Хрватска. Таквото неодговорно однесување би можело да предизвика нова војна на Балканот“, напиша Фајон.

Кабинетот на словенечкиот претседател Борут Пахор реагираше на тврдењата на членот на претседателството на БиХ Жељко Комшиќ дека Пахор, при посетата на Сараево во март, сите три члена на Претседателството ги прашал „пријателски“ дали е возможно да се замисли мирна поделба на таа држава. Наведено е дека тој тоа го направил загрижен од постоењето на такви ставови и дека редовно своите соговорници ги предупредува на опасноста од таквите планови и дека е за влез на БиХ и останатите балкански држави во ЕУ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести