Скопје, 20 декември- Во Полициското одделение Шуто Оризари, З.Х. (29) од Босна и Херцеговина пријавила дека од 15.11.2019, додека биле во Босна и Херцеговина, била принудена на сила да проси од нејзиниот познаник А.Д. (43).
Потоа на 03.12.2019 оствариле влез во Р.С. Македонија, каде А.Д. продолжил да ја принудува да проси и да се претставува како негова сопруга.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.