11 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Борис Џонсон му спуштил на Доналд Трамп оти мислел дека се русите што го зафркнаа Заев

Најчитани вести

Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон му спуштил на американскиот претседател Доналд Трамп, мислејќи дека станува збор за измама, откако веќе еднаш наседна и разговараше со руските комичари Вован и Лексус, кои вчера објавија разговори со македонскиот премиер Зоран Заев.

Минатиот месец, Џонсон примил повик од кабинетот на британската премиерка Тереза Меј и му било кажано дека ќе го поврзат со Трамп, но тој не поверувал, рекол дека овојпат нема да наседне и спуштил. Потоа, се јавил во кабинетот на Меј за да се осигура, но оттаму му рекле дека на линијата навистина бил американскиот претседател. Двајцата потоа се слушнале.

„Размислив набрзина, како што правам секогаш и реков: ’До сите слушатели на Радио Килкени, не поверував ниту за момент“, изјави Џонсон на 9 јуни за „Политико“.

Џонсон, кој е најсериозен кандидат да ја наследи Тереза Меј на премиерската позиција, во мај 2018 разговараше телефонски со руското дуо, мислејќи дека зборува со ерменскиот премиер Никол Пашијан. Во разговорот, кој трае 18 минути, Вован и Лексус го прашуваат Џонсон за информации во врска со труењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и бараат совет од него како да се справат со рускиот претседател Владимир Путин.

Заев, кој е најновата жртва на руското дуо, вчера кажа дека станува збор за добро организирани структури за ширење влијание на трети страни и дека провокациите доаѓаат од медиуми со антинато ставови. Рече и дека е жртва на сопствената отвореност и постојана достапност, а и самиот потсети дека тоа им се случило на многу други политичари.

Русите Владимир Кузнецов и Алексеј Столјаров, познати како Вован и Лексус, во април годинава успеаја да го измамат и францускиот претседател Емануел Макрон, кој мислеше дека разговара со новиот украински претседател Владимир Зеленски.

Во 2017, жртви на руското дуо беа поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, а во 2016 измамен беше турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Во 2014, Вован и Лексус успеаја да дојдат до белорускиот претседател Александер Лукашенко, претставувајќи се како синот на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести