7.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Борис Џонсон им служеше ручек на британските војници во Естонија

Најчитани вести

Британскиот премиер Борис Џонсон им служеше празничен ручек на британските војници за време на посетата на мисијата на НАТО во Естонија, јави Би-би-си во саботата.

За време на посетата на воената база близу Талин, Џонсон делејќи оброци им посака Среќен Божиќ.

Околу 850 британски војници стационирани во Естонија се најголемиот британски контингент во Европа.

Велика Британија игра клучна улога во НАТО мисијата на Балтикот.

„Она што го правите е исклучително важно затоа што сите во нашата земја можат да го слават Божиќ во мир и безбедност токму заради тоа што вие го правите овде. Она што го правите покажува дека НАТО делува и дека НАТО е сојуз на кој ние во нашата земја сме му апсолутно приврзани“, рече Џонсон.

Даунинг стрит додаде дека Џонсон се сретнал и со естонскиот премиер Јури Ратас, на кого му се заблагодари за „поддршката и гостопримството, што Естонија го покажа при прифаќањето на британските вооружени сили“.

Велика Британија е една од неколкуте земји на НАТО кои го исполнуваат ветувањето за одвојување 2 проценти од БДП за одбрана.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com