19.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Борис Џонсон во посета на Шкотска

Најчитани вести

Новиот британски премиер Борис Џонсон заминува денеска во посета на Шкотска на своето прво официјално патување во кое ќе повика на единство, како одговор на предупредувањето за се поизвесен брегзит без договор.

Џонсон треба да објави нови финансиски средства за локалните заедници и ќе укаже дека Обединетото Кралство е „светски бренд”.

-Заедно, ние сме побезбедни, посилни и поуспешни, рече тој во најавата за посета.

Шкотска ќе биде првата посета на делови од Обединетото Кралство за време на која премиерот ќе се обиде да добие поддршка за неговиот план за брегзит.

Шкотската прва министерка Никола Старџен смета дека на Шкотска која на референдумот во 2016 година гласаше за останување во ЕУ, и треба „заменска можност” наместо стратегијата на Џонсон за брегзит. Џонсон ветува дека Лондон на 31 октомври ќе ја напупшти ЕУ со или без догвоор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com