17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Борисов ја повика опозицијата за формирање Влада

Најчитани вести

Бојко Борисов, на чело на централно-десничарска партија „ГЕРБ“, според првичните информации е победник на парламентарните избори во земјата, ги повика неговите противници да ги здружат силите и да формираат експертска Влада…

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, на чело на централно-десничарска партија „ГЕРБ“, според првичните информации е победник на парламентарните избори во земјата. Сепак, партијата не го освои потребното мнозинство и се очекува дека ќе мора да побара партнери за формирање стабилна Влада во поделениот бугарски парламент. Борисов ги повика неговите противници да ги здружат силите, навестувајќи ја идејата за формирање Влада.

„Ви нудам мир, да ги назначиме експертите и до декември ќе можеме да излеземе од пандемијата и да продолжиме напред. Тоа е она што ви го нудам. Да го избереме најдоброто за народот и да ја завршиме работата. Обединети сме посилни. Дали имате поискусен лидер од мене, некој со поголема меѓународна поддршка? Некој кој успешно се справил со три кризи?“, изјави Бојко Борисов, премиер на Бугарија.

Борисов минатата година се соочи со антивладини протести со барање за негова оставка поради корупцијата во земјата.

„Се надевам дека овие избори ќе донесат промена која ни е очајно потребна. Мора да имаме социјална правда што зависи од луѓето што ќе ги одбереме, не очекувам ништо поразлично од претходните избори што ги имавме, бидејќи „ГЕРБ“ победува секој пат. Но, по протестите минатото лето нештата можеби и ќе се променат малку“- изјавија граѓани.

Новата опозициска партија „Има и такви луѓе“ на популарниот ТВ водител и пејач, Слави Трифунов е на второ место со освоени 19 проценти од гласовите. Податоците на централната изборна комисија покажуваат дека опозициските социјалисти освоиле 14, 9 насто.

ВМРО-БНД, досегашните коалициски партнери на ГЕРБ за сега имаат 3,6 проценти, односно нешто под потребниот цензус од 4 насто.

Изборите се сметаат за значајни за капацитетот на бугарската Влада да ја рестартира националната економија која е на колена поради пандемијата со Ковид-19 и практично зависна од европскиот фонд за помош на државите членки. Конечните резултати се очекуваат утре.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести