Бугарскиот премиер Бојко Борисов, на денешното чествување на роденденот на револуционерот Гоце Делчев, истакна надеж дека следната година заедно со, како што рече, браќата од Северна Македонија ќе се слави 150-годишнината од раѓањето на Делчев.
„Денеска се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев, војвода, деец на македоно-одринското револуционерно ослободително движење, еден од највидните наши заеднички историски херои. Се надевам ќе имаме мудрост в година заедно со нашите пријатели и браќа од Северна Македонија да ја прославиме 150-годишнината, обединети и заедно на патот на европската интеграција“, напиша Борисов на Фејсбук.
