23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Борисов освои најмногу гласови, но нуди експертска влада

Најчитани вести

Партијата ГЕРБ на досегашниот премиер Бојко Борисов освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори во Бугарија. Сепак неизвесно е дали оваа соседна земја наскоро ќе добие влада со оглед на големите разлики меѓу партиите кои освоија места во бугарскиот парламент. Според излезните актети, ГЕРБ на Борисов освои 25,7 проценти од гласовите со што може да добие од 67 до 75 пратеници. Во бугарскиот парламент има 240 места, па за формирање мнозинство се потребни најмалку 121 пратеник. Втора е БСП, социјалистичката партија на Корнелија Нинова, за која гласаа 17,6 проценти избирачи, а на трето место е партијата „Има таков народ“, што пред една година ја основа популарниот пејач и шоумен Слави Трифонов со 15,2 отсто од освоените гласови. Досегашниот коалициски партнер на Борисов, ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, одвај освои околу 4 отсто гласови и неизвесно е дали успеа да го помине прагот за влез во парламентот.

Другите партии кои влегуваат во новиот бугарски парламент се Движењето за права и слободи со 11,0 проценти освоени гласови, Демократска Бугарија на поранешниот министер за правда Христо Иванов со 10,4 отсто, „Исправи се! Мутри надвор!“ на поранешната правобранителка на земјата Маја Манолова освои 4,2 проценти.

Премиерот Бојко Борисов во прва изјава повика да се формира кабинет на експерти, ставајќи јасно до знаење дека очекува тој да биде на чело на истиот. Тој очекува ваков кабинет да ја води државата до излезот од пандемијата до декември и кога би можело да се случи ново пребројување на политичките сили.

–Доаѓаат најважните месеци од оваа година, Бугарија може да изгледа уште подобро и да се промени. Доаѓаат најважните месеци од оваа година, Бугарија може да изгледа уште подобро и да се промени. Јас знам за што зборувам и каква одговорност имам. Многу ми е драго што толку многу партии влегуваат во парламентот, бидејќи јас сум уморен од тоа сам да бидам одговорен. Наместо да се расправаме кој е поголем, да размислиме дали не можеме да се консолидираме во последните 8 месеци од годината. Ако немаме стабилна политичка ситуација, бидете сигурни – ништо нема да се случи, рече Борисов.

Од партијата на Слави Трифонов вчера категорично изјавија дека нема да коалицираат со ГЕРБ, БСП, ДПС ниту со Каракачанов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести