15.8 C
Skopje
Monday, September 20, 2021

Борисов на средба со Трамп

Најчитани вести

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во официјална посета на САД, каде денеска ќе има средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Во Белата куќа тие ќе разговараат за стретешките односи меѓу двете земји и развојот на билатералните односи. Во фокусот на разговорите се очекува да бидат ставени на начините за зајакнување на напорите во областа на безбедноста, во контекст на НАТО и ангажманот на официјална Софија за зголемување на буџетот за одбраната.

Се очекува Борисов и Трамп да разговараат за енергетската диверзификација, изградбата на „Турски поток“, како и терминал за добивање американски течен гас. На средбата ќе стане збор и за влијаниуето на Русија во Бугарија, а се очекува американскиот претседател да ја наметне и темата – корупција.Посетата на бугарскиот премиер е прва средба меѓу него и Трамп во четири очи.

Средбата на американскиот претседател со бугарскиот премиер е дел од серијата разговори со лидерите од централна Европа, а досега Трамп имаше средба со колегите од Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Австрија и Романија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com