9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Борисов на распит во полиција, приврзаници го чекаат надвор (ВИДЕО)

Најчитани вести

Премиерот Бојко Борисов пристигна на распит во Генералниот директорат на Националната полиција во Софија, објавија бугарските медиуми.

Пред зградата на дирекцијата бил пречекан од неговите приврзаници, кои скандираа „Бојко! Бојко!“ во негова поддршка, а дел од нив се од младинската организација на ГЕРБ.

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов беше повикан утрово во Генералниот директорат на Националната полиција. Ова тој самиот го објави во вторникот, покажувајќи ја поканата на партиска прес-конференција.

Во неа се вели дека бил повикан да даде повеќе информации. Борисов сугерираше дека бил повикан или поради изборите или поради објавата пред извесно време од вршителот на должноста министер за внатрешни работи Бојко Рашков од бизнисмен кој тврди дека добивал закани од поранешниот премиер пред околу десетина години.

https://www.facebook.com/100006542380422/videos/253170382907952/

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести