13 C
Skopje
Friday, April 23, 2021

Борисов му понуди 10 пратеници на Трифонов да формира влада

Најчитани вести

Свикуваме големо народно собрание ги решаваме сите проблеми бидејќи половина од работите се со мнозински гласови.

На бугарската политичка сцена и натаму се прават комбинаторики кој со кого и дали би ја формирал новата влада, но она што е сигурно е дека се издиференцираа два крајно спроптивставени блока едниот предводен од Слави Трифонов кој притиска за нови избори и оној на Борисов за кого изборите не се опција. Оттаму сеуште актуелниот премиер Борисов денеска излезе со два предлога до опонентите или герб да ги поддржи со десет пратеници или да се изгласа големо народно собрание.

-Така што да не дезертираат и да не се оправдуваат дека им недостасуваат нешто повеќе гласови, ако толку имаат потреба за нешто, јас сум подготвен имам десет дежурни пратеници да им дадам да ги поддржам. Нели сите зборувавте за големо народно собрание за мнозински избори. Се собира тоа собрание, гласаме за свикување на големо народно собрание веднаш, еве претседателот Радев според неговиот предлог за устав го внеси тоа собрание да го реши . Свикуваме големо народно собрание ги решаваме сите проблеми бидејќи половина од работите се со мнозински гласови, изјави Бојко Борисов –сеуште актуелен премиер на Бугарија.

Од друга страна пак поврзано со нас, доколку Слави Трифонов седне на премиерската фотеља, она што го коментираат познавачите на бугарските прилики и на самиот Трифонов е дека тој е популист кој ја искористил желбата на бугарскиот народ за промени.

За Македонија и Македонците со години во неговите шоу настапи се однесувал со потсмев и потценување и непочитување на македонскиот вредносен систем.

Многу посуптилна варијанта од Каракачанов и со тоа би претставувал проблем за изнаоѓање решение за надминување на бугарската блокада за отпочнување преговори меѓу Република Македонија и ЕУ, велат познавачите на Трифонов. Дали Трифонов политичарот ќе биде ист како слави шоуменот останува да се види. Факт е дека за него Македонците се северномакедонци како што напишал на фејсбук и дека ако ги признаат бугарските корени, тој ќе ја признаел актуелната македонска реалност но под услов да се усогласела со нејзините историски бугарски корени во спротивно ќе сме биле надвор од Европската унија, напишал претендентот за премиерската позиција во Бугарија, Слави Трифонов на својот фејсбук профил.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести