17.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

Борисов: Ме загрижува поделбата на општеството во Северна Македонија за Преспанскиот договор

Најчитани вести

Заев направи чуда, но мора да бидеме сигурни дека и другите партии во земјата размислуваат на истиот начин, рекол Борисов, загрижен од поделбите за Преспанскиот договор во контекст на ЕУ-интеграцијата, пренесуваат бугарските медиуми.

  • Ме загрижува поделбата во општеството на Северна Македонија на темата Европска Унија, односно начинот на кој тие го гледаат потпишувањето на Договорот од Преспа. Како што пренесуваат бугарски медиуми, ова го изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов на брифинг со новинарите по разговорите со неговите колеги на вчерашниот самит во Солун.

„Една земја треба да има многу јасна потврда од сите, од целата политичка класа, дека ова е долгорочен пат. Заев направи чуда. Но, ние мора да бидеме сигурни дека и другите најголеми политички партии во земјата размислуваат на истиот начин. Сите знаеме што може да се случи во политичкиот процес. Треба да бидеме сигурни во тоа што ќе сторат во иднина – и Северна Македонија и Албанија“, објаснил Борисов.

Притоа потсетил дека тој процес во Бугарија бил лесен, бидејќи сите политички партии ги прогласиле ЕУ и НАТО за приоритет.

„Мора да се погрижиме да му помогнеме на Заев да го обедини општеството во Северна Македонија на оваа тема. Ние ги поддржуваме нашите колеги со сите сили“, рекол Борисов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести