21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Борисов: Жртвата на Гоце Делчев да биде пример за Бугарија и Република Северна Македонија

Најчитани вести

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешното одбележување на 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев, рече дека тој е еден од најважните бугарски револуционери.

„ Денес се навршуваат 118 години од трагичната смрт на големиот бугарски револуционер и македонски војвода Гоце Делчев, кој го даде својот живот за слободата и автономијата на Македонија и регионот на Едрене“ напиша на Фејсбук премиерот во оставка Бојко Борисов.

Тој додаде дека Делчев бил водач и идеолог на бугарските македонско-одрински револуционерни комитети, подоцна позната како Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација. Национален херој во Бугарија и Република Северна Македонија, порача Борисов.

„ Гоце Делчев е еден од најсилните симболи на нашата заедничка историја со Република Северна Македонија, заедничка историја што е во основата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Нека неговата жртва биде пример за тоа како, наскоро, да го најдеме вистинскиот пат кон нашата заедничка европска иднина. Неговиот вечен спомен! “,истакна бугарскиот премиер Борисов.

https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/posts/3081027718791944

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести