4.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Борисов го пофали Пендаровски по интервјуто

Најчитани вести

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, упати пофални зборови на адреса на Стево Пендаровски, откако македонскиот претседател во телевизиското интервју за БГНЕС рече дека источниот сосед и помогнал на Македонија да излезе од меѓународната изолација.

Според Борисов, оценката на Пендаровски за софиската политика кон Скопје ја спореди како највисока оценка за кредитниот рејтинг од „Стандард и Пурс“.

  • Да и помогнеш на една од соседните земји и потоа самиот претседател да признае дека ги извлековме од изолација е затоа што направивме огромен напор за тоа да го постигнеме. Сакам да му се заблагодарам на Пендаровски преку БГНЕС за изнесеното од негова страна. Се надеваме дека ќе ја видиме Република Северна Македонија и во НАТО и во Европската унија. И тоа е она што сите го очекуваме, наведе Борисов.

„Не се преувеличување квалификациите што Зоран Заев често ги дава за улогата на Бојко Борисов и актуелната бугарска влада во последните две години, според кои бугарскиот премиер заедно со Ципрас ни помогнаа побрзо да се извлечеме од меѓународна изолација“, изјави претходно шефот на македонската држава во интервју за „Бгнес“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com