8.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

БОРЕЦОТ КОЈ 17 ГОДИНИ КРВАРЕШЕ ЗА СВОЈАТА ИТАЛИЈА И НА КРАЈ СТАНА ЕВРОПСКИ ШАМПИОН

Најчитани вести

Најдобриот стопер во историјата на Јувентус кој освои 9 скудета во последните 10 години, жалеше што се нема израдувано на трофеј во репрезентацијата цели 17 години! Конечно му се оствари сонот.

Џорџо Кјелини беше на прагот во целост да го пропушти Евро 2020 ако се одржеше лани зошто ја пропушти цела сезона 2019/2020 поради тешка повреда (одигра само 4 меча во Серија А, а сите 90 минути само во прво коло). Да не го пренесоа за годинава немаше да настапи.

Една година подоцна Кјелини го крена највредниот пехар во кариерата – оној со Италија како европски шампион, освоен среде „Вембли“ пред 90.000 гледачи!

НЕ ИГРАШЕ НА СВЕТСКО 2006 ИАКО ДЕБИТИРАШЕ ПОЛА ГОДИНА ПРЕТХОДНО

Браќата близнаци Џорџо и Клаудио Кјелини отсекогаш повеќе сакале кошарка но татко им, традиционален Италијанец ги терал синовите да играат фудбал. Се испостави бил во право.

Растот на Џорџо до 187 сантиметри не е малку ни за фудбалер ни за кошаркар, а тој со тек на време го засакал и фудбалот.

Џорџо и Клаудио заедно оделе да тренираат фудбал.

„Во детство идол ми беше Малдини. Навивав за Милан, а брат ми за Јуве. Бeвме поделени како и татко ми и мајка за клубовите. Татко ми беше навивач на Јуве а мама за Милан, така што се противевме во семејството“.

Веже на 15 години браќата се разделиле. Џорџо станал професионален фудбалер, а Клаудио (подоцна) негов менаџер. Џорџо тргнал по патот на својот идол Паоло Малдини и отишол на проба во Милан.

„Бевме сигурни дека ќе го земат. Џорџо беше срамежлив, учтив дечко но и многу снажен“, раскажал еднаш за Gazzetta dello Sport Паоло Самарко, поранешен фудбалер на Милан кој потекна од академијата на овој клуб. 

Но не го викнале. Тренерите на јуниорите и кадетите на Милан процениле дека не е доволно добар за славниот клуб, па Џорџо патот го продолжи во Ливорно каде играше две години под водство на Валтер Мацари во физички захтевната Серија Б.

Кјелини уште во младоста освојувал трофеи: злато на Европско првенство за играчи до 19 години и бронза на Олимпијада 2004 во Атина (одиграл 6 минути на два меча во главниот град на Грција).

Во 2004-та година веќе како офоромен играч потпиша за големата Фиорентина каде мошне брзо стана стандарден првотимец и главен лев бек во тимот.

На свои 20 години дебитираше за сениорскиот состав на Италија и тука беше јасно дека „Аѕурите“ ќе имаат јак карпест бек/стопер во идните години.

После сјајните настапи за Фиорентина за 1 година се пресели во Јувентус кај Фабио Капело каде ментор на левата страна му беше легендарниот Ѕамброта.

Џорџо одигра сосема коректна прва сезона со гигантот – 17 меча во прв тим. Иако дебитираше за Италија на 6 месеци пред Светското 2006, селекторот Марчело Липи беспрекорно му веруваше на Фабио Гросо а Кјелини отиде со младинците.

ПРВ ГОЛЕМ ТУРНИР СО СВОЈАТА ЗЕМЈА: ГО ПОВРЕДИ КАНАВАРО ПРЕД ЕВРОПСКО 2008, ПА ГО ЗАМЕНИ ТОКМУ НЕГО И СТАНА НАЈДОБАР ДЕФАНЗИВЕЦ

Во следните две години Џорџо Кјелини го врати Јувентус во Серија А по скандалот Калчополи и паралелно се пренамени од лев бек во стопер (тука прв го пробал Дидие Дешам во Јуве).

Силен како бик, Џорџо го утврди своето место во La Nazionale иако пред Европското 2008-ма играше само на неважни натпревари против Јужна Африка и Фарски Острови. Тогаш главни стопери во срцето на одбраната на Италија беа Канаваро и Матераци.

На еден од првите тренинзи пред Евро 2008, Кјелини во еден дуел случајно го повредил Канаваро кој ги скинал лигаментите и го пропушти големиот турнир. Џорџо се расплакал од тага и се кривел себеси. Му помагал самиот Канаваро.

„Го утешував. Му викав дека не е он крив. Ако јас стартував така, ќе изгубевме не еден туку двајца играчи. Му објаснив дека такви работи се случуваат и дека се нормална работа фо дубалот и треба да пази во иднина. А уште му кажав и дека сега е должен да даде гол. И веќе знам кому ќе го посвети“, искусно изјавил Фабио Канаваро за Газета дело спорт.

СО БРАТОТ БЛИЗНАК КЛАУДИО КЈЕЛИНИ

Воинствениот Кјелини не играше во тешкиот пораз 0:3 од Холандија но во целост ги одигра сите останати мечеви на Евро 2008 во Австрија и Швајцарија и стана еден од најдобрите италијански фудбалеи. Во четвртфиналето со моќната Шпанија (изгуби Италија на пенали) Кјелини беше прогласен за играч на мечот. 

Веќе до 2010-та година Џорџо се претвори во жесток и ужасно непријатен централен стопер од кого бегаа и најдобрите напаѓачи низ годиниве.

Буквално неустрашиво влегуваше во секој дуел и интернетот е полн со негови фотографии со преврзана глава во локви крв, со рани или со раскрварен нос. Златан Ибрахимовиќ и Џанпаоло Пацини неколку пати рекле како најтежок играч кој ги чувал бил токму Џорџињо. 

И покрај бледото Светско 2010 на Италија во Јужна Африка, Кјелини таму беше еден од подобрите во составот. Во еден момент го бараа Баерн, Реал Мадрид и Манчестер Сити но Јувентус не сакал да слушне.

„Да, Кјелини е сидрото на одбраната на Јувентус и секако дека многу тешко ќе го пуштат да замине од Италија“, рекол тогашниот тренер на Сити, Роберто Манчини. 

Во тој период по Мундијалот 2010 се формираше и страшно снажната врска Кјелини-Бонучи, тандем кој помина низ сито и решето со Италија.

ВО 2012 ЗА МАЛКУ НЕ ГО ПРОПУШТИ ЕВРОПСКОТО, ВО 2014 СУАРЕЗ ГО ГРИЗНА, А ВО 2018 ЗА МАЛКУ ЌЕ ЗАВРШЕШЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВНА КАРИЕРА

Стабилноста на триото Бонучи-Кјелини-Барѕаљи на Јувентус му донесе 9 шампионски титули и ја врати репрезентацијата при врвот.

Но во 2012 година Италија за малку не остана без Кјелини. Се повреди буквално пред почетокот на Европското и тоа во последното коло од Серија А против Аталанта кога урлал од болка.

Интересно селекторот Чезаре Прандели тогаш јавно го поддржа Џорџо: „Јас те чекам тебе. Ти ќе одиш на Европско“.

И храбриот борец издржа, се опорави на време и влезе на списокот патници на Евро 2012. Италијанците стигнаа до големото финале откако ги пројдоа Англија и Германија но во финалето не можеа ништо против неверојатната генерација шпански фудбалери.

27-годишниот Кјелини не можеше да се справи со Давид Силва и Фабрегас кои во 14’ минута одиграа сјајна акција за првиот гол. После седум минути Кјелини се повреди при еден дуел и на крај го изгуби своето прво големо финале со репрезентацијата.

Во 2014-та на Светското првенство во Бразил Луис Суарез го гризна Кјелини и таа сцена ќе остане запаметена засекогаш како една од почудните од еден Мундијал. Италија испадна и Џорџо се врати дома.

Следуваше Европското 2016 но таму Германците беа поуспешни од Италија во четвртфинале.

Во 2017-та Кјелини заедно со Џиџи Буфон објави дека ја завршува репрезентативната кариера по дебаклот во баражот со Шведска кога не за првпат во историјата не отидоа на едно Светско првенство.

Но јавноста, пред се Роберто Манчини го убедија да размисли уште еднаш и Кјелини гордо се врати со капитенска лента околу раката.

Во 2020-та година беше тешко повреден и само поради тоа што поради глобалната пандемија го одложи Европското лани, доби шанса да заигра летово 2021 на големиот турнир. Џорџоне одигра солидна сезона за Јуве и се остреше за најважните дуели во неговата кариера. Свесен дека е на заоѓање на кариерата и дека ова му е последна шанса да освои некој пехар со својата Италија. 

Кјелини не постигна гол на Евро 2020 летово, не шутираше пенали во полуфинале со Шпанија ниту во финале со Англија, но ќе се памети моментот кога пред полуфиналето со „Црвената фурија“ пред пенал серијата отиде кај судиите, го штипна Жорди Алба за образ и го убеди да изведуваат пенали пред голот каде стоеа италијанските навивачи.

Интересно, на славниот стадион „Вембли“ Кјелини во 2007-ма година со младинската селекција на Италија играл на отворање на новоизградениот стадион кога играле 3:3 а Џорџо традиционално ја дупнал главата во еден дуел.

14 години подоцна Кјелини тука помина низ две драми на пенали (не шутираше ниеднаш) и неговата Италија со фантастичен фудбал стигна до големиот шампионски трофеј кој Џорџоне заслужено го крена над глава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com