23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Борел: Нема да застанеме додека Западен Балкан не бидел дел од ЕУ

Најчитани вести

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, изјави пред Советот за безбедност на ОН дека „ЕУ нема да застане додека земјите од Западен Балкан не станат дел од ЕУ“.

– За таа цел, ние сме целосно мобилизирани за поддршка на помирувањето и реформите како најдобар противотров на националистичката реторика, нагласи Борел.

Во својот говор, тој најави дека следната недела во Брисел ќе се одржи нов состанок на дијалогот Белград-Приштина, организиран од ЕУ.

На сесијата посветена на соработката меѓу ОН и ЕУ, Борел пред Советот за безбедност на ОН зборуваше за улогата и поддршката што ЕУ ги дава за одржување на глобалниот мир и безбедност, соработката со ОН и регионалните организации.

Тој ги наведе Западен Балкан како примери за длабок ангажман на ЕУ, каде што се потребни итни резултати.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести