ЕУ треба да ги прилагоди своите методи, за да бидат поефикасни, а помалку реторички и да не дозволуваат губење на време. Промената на методите не значи и промена на крајната цел, која останува иста, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“ оцени дека мора да се земе в предвид фактот што досегашните методи се покажаа како недоволно ефикасни.
Сите земји од Западен Балкан би требало да имаат европска перспектива, но не знам колку време е потребно за тоа, истакна Борел.