14 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

Бонучи: Потребен ни е најдобриот Роналдо, ќе разговараме со него

Најчитани вести

Леонардо Бонучи вели дека кога ќе се вратат во Торино по репрезентативните обврски ќе разговараат со Кристијано Роналдо.

Роналдо во 55. минута од мечот со Милан беше изваден од игра, Португалецот не ја прифати најдобро измената, а Сари тврдеше дека тој се мачи и со некаква повреда.

Но Роналдо брзо ги демантираше таквите тврдења на Сари со постигнат хет-трик за репрезентацијата на Португалија.

„Сакам да гледам напред, не назад. Ќе има време за разговор, сега сакам да мислам на националниот тим“, вели Бонучи.

„Тој ќе игра за Португалија, а тоа значи дека физички е подобар и ментално е одличен како и секогаш“.

„Кога ќе се вратиме во Торино ќе се видиме и ќе разговараме. Има уште многу натпревар каде што ни е потребен најдобриот Роналдо“.

„Уверен сум дека и неговите цели се да му помогне на Јувентус да ги оствари зацртаните цели“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести