Home » Боно откри оти има полубрат

Боно откри оти има полубрат

by Журнал.мк

Боно Вокс, пејачот на ирскиот поп-рок бенд „Ју-ту“, ѝ откри на јавноста дека има полубрат за кој со десетлетија не знаел дека постои.

– Имам уште еден брат, кого го сакам и обожавам, за кого не знаев дека го имам… Дознав за својот полубрат во 2000 година, па и „се помирив“ со тоа, рече Боно (со вистинско име Пол Дејвид Хјусон) за „Би-би-си рејдио 4“.

Пејачот притоа додаде дека неговата мајка Ајрис, која починала 1974 година, не знаела дека нејзиниот сопруг има дете со друга жена.

– Тоа е многу блиско семејство и сфатив дека татко ми има длабоко пријателство со таа убава жена… И потоа, добиле бебе. И сѐ тоа беше чувано во тајност, појасни Боно.

Боно дознал за тоа од татко му Боб пред неговата смрт во 2001 година.

– Го прашав дали ја сака мајка ми и тој рече „да“. Реков: Тогаш, како можеше да се случи тоа?“ А, татко ми одговори: „Е па, можеше“. Не ми се извини, само ми рече – „се помирив со тоа“, раскажува Боно.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More