9.5 C
Skopje
Sunday, January 24, 2021

„Бомба“ од Островот: Ериксен на чекор од Манчестер Јунајтед

Најчитани вести

Манчестер Јунајтед се вклучи во битката за потписот на Кристиан Ериксен од Тотенхем во зимскиот преоден рок, пренесуваат медиумите на Островот.

Со оглед на тоа што не го продолжи договорот со „спарси“, неговото заминување е се поизвесно, а Тотенхем сигурно ќе сака да го продаде за да заработи од неговото заминување.

Реал Мадрид и Јувентус од поодамна го сакаат Данецот, но се спремни да го донесат како слободен агент, а сега Манчестер Јунајтед сериозно се вклучи во трката за Ериксен.

Имено, „црвените ѓаволи“ веќе спремиле понуда од 20 милиони фунти за 27-годишниот плејмејкер, понуда која Тотенхем е спремен да ја прифати.

Неодамна претседателот на Тотенхем, Даниел Леви потврди дека клубот е спремен да го продаде Ериксен на клуб од Премиер лигата.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести