1.8 C
Skopje
Friday, January 27, 2023

Болтон: Дискутиравме за поделба на Косово

Најчитани вести

Американскиот дипломат и поранешен советник за национална безбедност на Доналд Трамп, Џон Болтон, во интервју за Косово онлајн изјави дека „се уште не знаеме каков е ставот на администрацијата на Џо Бајден кон Балканот“, но, исто така, и дека „доколку Албин Курти не е заинтересиран за договорот од Вашингтон, тогаш тој договор е мртов“, јави дописникот на МИА од Белград.

Болтон изјави дека постигнувањето договор меѓу Белград и Приштина треба да биде приоритет, дури и ако, како што тврди, треба да се направат компромиси што се болни.

-Тогаш, можете да одите напред во секој поглед, и од политички и од економски аспект, изјави Болтон во интервјуто за Косово онлајн.

Како пример за компромис, тој го спомна прашањето за името на Македонија и промената во Северна Македонија, која, како што вели, и понатаму е иста земја со ист народ, но тоа донесе решение за прашањето со Грција, по што, тие можат заедно да напредуваат.

На прашањето дали е потребно поголемо учество на САД во преговорите меѓу Белград и Приштина, Болтон кажа дека ЕУ посредува во тие преговори повеќе од една деценија без некој значителен напредок и дека САД би придонесле за нова перспектива.

На прашањето дали дефинитивно е отфрлена идејата за размена на територија меѓу Приштина и Белград, Болтон кажа дека ако луѓето не сакаат да разговараат за територијална корекција, тогаш нема да има напредок во преговорите.

-Можам да ви кажам дека како советник за национална безбедност разговарав со (Хашим) Тачи и претседателот (Александар) Вучиќ и дека можноста за мала територијална корекција беше разгледана и за неа се дискутираше. Ако можевме да го надминеме распадот на Југославија во 1991 година, и знам дека историјата се протега многу подолго од 30 години, тогаш тоа можеше да биде дел од поголем пакет што ќе не доведе до решение, изјави Болтон.

Ако луѓето не сакаат да зборуваат за територијална корекција, по дефиниција отстранувате едно можно компонентно решение и ги стеснувате опциите за решението, и по дефиниција создавате ситуација во која е потешко да се дојде до решение , кажа тој.

Болтон наведе дека косовската влада има целосно право да каже дека не сака да разговара за територијална корекција, но мисли дека „тоа практично значи дека нема да има напредок во преговорите“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести