14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Болоња го торпедираше Лацио и го врати Сари во реалноста!

Најчитани вести

Болоња на Синиша Михајловиќ на најдобар можен начин ја прекина низата од три меча без пораз, декласирајќи го Лацио со 3:0 на „Ренато Дал’Ара“, враќајќи ги лацијалите во реалноста по трилер-победата во римското дерби.

Тимот на Маурицио Сари беше шокиран во првите 18 минути игра – прво Муса Бароу во 14. минута постигна фантастичен гол за водство, за четири минути подоцна, младиот Белгиец Артур Теат да зголеми на 2:0. Лацио се обиде да се врати во игра во мечот, пред шкотскиот тинејџер, Арон Хики во 68. минута да зголеми на 3:0. Нервозата се покажа кога капитенот Франческо Ачерби доби црвен картон во 76. минута од мечот.

Со трите поени, Болоња се на деветтото место на табелат со 11 поени, колку што имаат и Јувентус и Лацио пред нив, со подобра гол-разлика.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com