14 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

„Болницата“ во Барса се поголема – повреден и Дембеле

Најчитани вести

Проблемите на Ернесто Валверде со изборот на играчи во нападот на Барселона уште повеќе се зголемија откако Осман Дембеле заработи повреда на мускулот на левата нога. Тој се повреди за време на вчерашниот тренинг на каталонскиот гигант, а деталните прегледи донесоа лоша вест за Валверде – станува збор за кинење на мускулни влакна, а паузата ќе изнесува најмалку пет седмици.

Изборот на напаѓачи на Барса уште повеќе се стеснува ако се знае дека и Луис Суарез се повреди на премиерниот меч со Атлетик Билбао, додека Лионел Меси се уште не е стопроцентно подготвен за настап по повредата на мускулот заработена пред петнаесетина дена.

Ако на ова се додаде дека беа продадени Малком и Кутињо, опциите во нападот на каталонскиот гигант се сведуваат само на Гризман, кому „асистент“ на следниот меч на „Камп Ноу“ против Бетис би му бил 21-годишниот Карлес Перез.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести