18.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Боки 13 ноќта ја помина во болницата „8-ми Септември“

Најчитани вести

Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски е хоспитализиран во Градската општа болница „8 Септември“ поради контролни прегледи, информираат од болницата.

„Лицето Б.Ј. е хоспитализирано во нашата установа заради спроведување контролни прегледи по медицина базирана на докази. Дијагностичките процедури се во тек. По завршување на целата постапка, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба“, пишува во соопштението од ГОБ „8 Септември“.

Јовановски е пренесен в болница откако претходно тоа од судот го побарал лекарот во затворот.

Пред извесно време неговиот адвокат, Сашо Дуковски на прес-конференција рече дека Јовановски има сериозни здравствени проблеми и бараше да биде хоспитализиран. Според него, Јовановски се жалел на големи болки и проблеми со желудникот, причинети од претходно направени две неуспешни операции кои ги направил по своја желба.

По ова реагираше Универзитетската клиника за гастроенетрохепатологија, која ја демантираше изјавата на адвокатот дека не сакале да го прегледаат Јовановски и дека се шегувале со неговата здравствена состојба.

Бојан Јовановски е донесен в болница од КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор. Останатите двајца обвинети за „Рекет“, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец се во домашен притвор.

Судењето за „Рекет“ треба да почне на 3 декември годинава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com