1 C
Skopje
Tuesday, January 19, 2021

Богдановиќ со станарите за спас на „Авто Македонија“ – да не се изгради барокна гаража

Најчитани вести

Полиција од утрово го обезбедува паркингот кај „Авто Македонија“ во центарот на Скопје каде што од денеска може да почне да се гради барокната катна гаража од проектот „Скопје 2014“.

Жителите од околните згради излегоа надвор да го чуваат местото за да не почне оградување на просторот, а градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ дојде да им ги каже следните чекори за спречување на градбата.

Од другата страна на паркингот пак, стои Никола Настески, сопственик на „Никофон“ кој го купи земјиштето за гаражата со своја екипа со инструменти за мерење. Настески добил судска пресуда дека тој е сопственик на парцелата откако „Паркинзи Општина Центар“ не му го отстапуваше земјиштето со објаснување дека имаат одлука за владение.

Градоначалникот Богдановиќ денеска оствари средба со жителите од околните згради и им кажа дека ќе се преземат сите мерки за да не никне најавената изградба на осумкатна барокна гаража пред нивните станови, a просторот да си остане паркинг за граѓаните.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести