23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Богдановиќ: Построгите мерки за време на викендите се уште не даваат резултати

Најчитани вести

Медицинскиот координатор на ковид – болницата во Арена во Белград, Предраг Богдановиќ денеска изјави дека построгите мерки во текот на изминатите три викенди не влијаат врз намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19.

– Тоа се уште не дава резултати, затоа утрово работиме со зголемен интензитет, имаме поголем број приеми и секогаш се бара место повеќе, изјави Богдановиќ за Радио телевизија Србија (РТС).

Тој додаде дека 405 пациенти во моментов се лекуваат во Арена, наведувајќи дека клиничката слика на пациентите станува се потешка од недела во недела.

На прашањето за потрошувачката на кислород во однос на ноември и декември, кога имаше силен бран, тој истакна дека тогаш во Арена имало повеќе луѓе за лекување – околу 500, но сега трошат кислород за два дена, колку што тогаш трошеле за 15 дена.

– Од тоа можете да видите колку е сериозна ситуацијата, нагласи Богдановиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести