1 C
Skopje
Friday, February 26, 2021

Богдановиќ: Да земам да се самозапалам за да реагира некој за „Никофон“

Најчитани вести

Со презентација на цела документација градоначалникот го демантираше ОЈО дека немало доволно докази да утврдат дали имало малверзации со парцелата кај „Автомакедонија“.

Богдановиќ вели дека претставници од општината на повик на ОЈО во 2016 доставиле 72 списи, кои и ги надополниле неколку дена подоцна. Списи се доставувале и по преземањето на градежната парцела годинава. Но, како што додава, од надлежните не одговориле до каде е предметот.

„Откако ги преземавме предметите во 2019 ние сме реагирале, сме доставиле списи до МВР на 27 септември, претходно на 13 август и до ОЈО, сме прашале до која фаза е предметот, потоа сме доставиле и дополнителен материјал. Па да земам да се самозапалам за да реагира некој, искрено да ви кажам,“ изјави градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.

Спорна била и постапката за цената на земјиштето, вели градоначалникот. Според правилникот за утврдување на цената, почетната сума на јавното наддавање требало да биде 5.600 денари а не 1.850.

„Донесен план на 5 април, веќе на 23-ти имате објава. Како се успеало за само 7 дена да се направи извод од план кога претходно треба да се направи преклопување во Катастар, така што има одредени сомневања дека целава работа од старт била наместена, но главната причина поради која што ние денеска реагираме е како се формирала почетната цена,“ Изјави градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.

Следната недела следува нова рунда средби со сопственикот на „Никофон“ Никола Настески. Богдановиќ бара начин за спогодба преку обесштетување или замена со друго земјиште со иста вредност.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести