16.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Богдановиќ: Ако има основа, ја охрабрувам Антикорупциска да покрене што е можно повеќе предмети

Најчитани вести

Рокот за изработката на елаборатите за зградите во Општина Центар, вклучителни и за кај Холидеј Ин почна да тече согласно новиот заклучок донесен вчера од Советот на Општина Центар. Во рокот се наведени 12 работни дена да се дополнат елаборатите, бидејќи очигледно имавме одредени пропусти. Пред неколку дена имавме активирање на банкарска гаранција и покренување постапка за раскинување на договор, истакна градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

– Веќе за некои постапки каде што гледаме дека ја постигнуваме целта на претходно продадено земјиште, па можеби издадено одобрение преку постапка која што сме ја започнале можеме да постигнеме многу поголем успех, отколку да направиме суспензија која што утре некој може да ја искористи и врз основа на тоа да ја тужи општината и да добие отштета. Во најскоро време ќе објавиме за кој дел станува збор. Штом ќе се надполнат елаборатите, истите ќе бидат поднесени и ќе мораме да имаме предвид дека освен тоа што сакаме да го постигнеме како корекција при суспензијата треба да бидеме внимателни да не правиме штета, изјави Богдановиќ.

Тој рече дека временски не зависи од општината, туку од завршувањето на сите постапки.

Богдановиќ додаде дека досега не слушнал дека се поведени постапки од Антикорупциската комисија против него, но посочи дека ги охрабрува да покренат што е можно повеќе предмети.

– До нас се дојдени одредни иницијативи, претставки, поведени се одредени постаки од Антикорупциската комисија како што рековте. Не сум слушнал дека некој предмет е отворен или пак се најавува. Напротив, јас ги охрабрувам да покренат што е можно повеќе предмети, бидеќи доаѓаме до една ситуација каде што општината три години менува нешто и прави и цело време апелира дека некој претходно донел планови кои што предизвикуваат правни дејствија и дури некој се сетил да отвори некакви постапки. Ги охрабрувам и ние сите расположливи документи ги имаме доставено до Обвинителство, Антикорупциска и финансова полиција. Доколку утврдат какво било прекршување и штета, а тоа се докаже и во обвинителниот акт и судот го потврди тоа, уште поголем аргумент е и на друг начин да може да се суспендира, рече Богдановиќ.

Додаде дека општина Центар не е истражител, не врши истражни дејствија, туку само даваат индикации.

– И криво ми е што еве не знам поставувам прашање зошто три години досега не покренале ништо. Очигледно имате носење на планови после давање на согласност и за нов Генерален урбанистички план, значи некој ги изштанцал неколку планови и досега никој не сноси одговорност. Еве еден апел да си ја забрзат постапката. Јас и тогаш кога бев пред Антикорупциска реков фатете си ја работата за која што си земате плата. По тоа што го слушам, гледам дека и тоа што се најавува дека се постапува, односно ништо не се постапува, рече тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести