13.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Блумберг размислува повторно да се вклучи во претседателската трка

Најчитани вести

Познатиот американски бизнисмен, политичар, писател и филантроп Мајкл Блумберг размислува повторно да се вклучи во претседателската трка следната година.

Блумберг е разочаран од сите големи кандидати на демократската партија, објави „Њујорк пост“ повикувајќи се на неименувани извори

„Блумберг смета дека Џо Бајден е слаб, а Берни Сандерс и Елизабет Ворен не можат да победат“, нагласи изворот запознат со промената на мислењето на поранешниот градоначалник на Њујорк во три мандати, кој пред неколку месеци изрази незаинтересираност за да биде кандидат.

Пост нагласува дека Блумберг верува дека динамиката на трката за кандидат на демократите се променила дека умерениот кандидат Бајден заостанува, а ворен која се противи на корпорациите, добива интензитет во кампањата.

Демократите ќе го бираат својот кандидат за претседателските избори на 3 февруари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com