35.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Блок: На Македонија и остана уште законот за обвинителство за пристапни преговори

Најчитани вести

Министерот за надворешни работи на Холандија, Стеф Блок, денеска ја повтори позицијата на неговата земја дека Северна Македонија е поподготвена од Албанија за почеток на преговорите со ЕУ. Пред почетокот на Советот на министри на ЕУ во Луксембург, на кој ќе се расправа за старт на пристапните преговори со Скопје и Тирана, Блок изјави дека позицијата на Холандија е дека секоја земја треба да биде оценувана според исполнувањето на критериумите.

– Двете земји направија големи напори. Во однос на Северна Македонија, мислиме дека треба да биде преземен уште еден важен чекор, а тоа е законот за јавно обвинителство. Ако тој услов биде исполнет, мислиме дека пристапните преговори треба да почнат. Во однос на Албанија, пак, мислиме дека треба да заврши уште многу работа и оти се уште не е подготвена за почеток на преговори – рече Блок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести