-8.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

БЛОК НА АВГАНИСТАНСКИ ФИЛМОВИ ВО „КИНО МСУ“

Најчитани вести

Во рамки на програмата на „Кино МСУ“, вечерва во киното на Музејот на современата уметност во Скопје почнува блок филмови посветени на авганистански автори. Селектор на програмата е Дарко Набаков, одговорен за филмската програма на Кино МСУ.

Авганистанскиот филмски блок ќе трае до 10 декември, и сите проекции ќе се одржат во затвореното кино на МСУ со капацитет од 40 седишта. Влезот е бесплатен.

Денеска ќе биде прикажан документарецот „Забранетата ролна“ на канадско-авганистансиот режисер Ариел Наср, кој ќе не запознае и воведе во авганистанската филмска приказна.

Историјата на Авганистан од втората половина на 20 век, која беше обележана со насилство и угнетување, режисерот ја раскажува преку перспектива на авганистанската филмска историја. Како што соопштија организаторите, интервјуата со филмскиот историчар Маријам Гани, филмаџиите Латиф Ахмади и Сидик Бармак, актерката Јасмин Јармал и други клучни играчи се прошарани со извадоци од филмови – и од фикцијата и од документарен филм – од архивите на националниот филмски институт, Afghan Film. Тие покажуваат богата култура во период во кој земјата претрпе многу драстични промени, од комунистичкиот режим и војната со Русија до угнетувањето од исламските фундаменталистички талибанци.

Утре ќе биде прикажан документарниот филм „Кабул, град на ветрот“, кој е прв долгометражен документарен филм на авганистанскиот режисер Абоозоар Амини. Амини кој и самиот како помлад имам побеганато од Авганистан, го снима овој филм во Кабул во период од три години. По доживување на неколку терористички напади за време на демонстрациите тој решава да исклучи какво било директно насилство од својот филм. Наместо тоа тој ни ги покажува секојдневните рутини/детали за две деца и возач на автобус, сместени во позадината на градот уништен од политичките и верските сили. Градот е оркестрација на неговите жители, а самиот филм ни покажува колку човековата природа е прилагодлива, дури и кога е опкружена со насилство. Филмот во 2018 година го отвори најголемиот фестивал за документрен филм во Европа – ИДФА, во Амстерадам.

На 9 декември ќе биде прикажан документарниот филм „Полноќниот патник“.

Во 2015 година, откако документарниот филм на Хасан Фазили „Мир во Авганистан“ беше емитуван на авганистанската национална телевизија, талибанците убивајќи ја главната тема на филмот огласија цена за главата на Фазили. Плашејќи се за својот опстанок, семејството Фазили пребегнува од Кабул во Таџикистан. Сепак, по 14 месеци поминати во поднесување барања за азил кои завршуваа неуспешно, тие беа депортирани назад во Авганистан. Токму во тој момент Фазили на својот мобилен телефон го притисна копчето за снимање.

На 10 декември ќе биде прикажан играниот филм „Хава, Маријам, Ајеша“.

МСУ одлучи филмската програма да ја збогати со промоција на авганистанскиот филм со цел да ја приближи оригиналноста на филмската продукција на оваа земја и со тоа да придонесе кон светската акција на солидарност, која нашата држава не за првпат ја покажува кон бегалците.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com