Home » Блокирани 101.706 сметки на компании во Босна и Херцеговина

Блокирани 101.706 сметки на компании во Босна и Херцеговина

by Журнал.мк

На крајот на октомври во Босна и Херцеговина се блокирани 101.706 сметки на компании, соопшти Централната банка на Босна и Херцеговина.

Во новиот извештај за блокирани сметки во Единствениот регистар на сметки, подготвен од Централната банка на Босна и Херцеговина, наведено е дека 55.354 компании имаат најмалку една блокирана сметка.

Споредено со претходниот месечен извештај, бројот на блокирани сметки на фирми е зголемен за 299, а бројот на фирми со најмалку една блокирана сметка е зголемен за 169. За 10 години двојно се зголеми бројот на блокирани сметки.

Во новиот извештај, се наведени продавници, фризерски салони, бензински пумпи, аптеки, ординации, кафулиња и ресторани, до различни агенции, задруги и компании. Оваа листа вклучува и рудници, месни заедници, општини и спортски здруженија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More