-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Блинкен: САД не ги охрабруваат украинските напади во Русија

Најчитани вести

Американските власти соопштија дека „не ја охрабруваат” Украина да изврши напади во Русија, после нападите со беспилотни летала за кои се верува дека се украински дронови кои погодија неколку руски воздушни бази.

„Ние не ја охрабруваме ниту ѝ помагаме на Украина да изврши напади во Русија. Но, мора да се разбере дека Украинците секојдневно живеат со руска агресија која продолжува“, рече шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен доцна во вторникот.

Според него, САД со помош на други партнери ширум светот, ѝ обезбедуваат на Украина опрема за „одбрана на својата територија и својата слобода“.

Експертите веруваат дека Украина влегла во рускиот воздушен простор со дронови од советска ера. Тие потсетуваат дека Киев има и модерни беспилотни летала, а ги добил како дел од воената помош вредна милијарди долари од западните сили откако Русија ја започна инвазијата на Украина.

Руските власти соопштија дека три лица загинале, а два авиони биле оштетени за време на нападот врз базите на нејзината територија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести