26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Блинкен: На БиХ ѝ се потребни ограничени уставни измени, а не Дејтон 2

Најчитани вести

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, испрати писмо до членовите на Претседателството на БиХ во кое се наведува дека Соединетите држави сметаат дека Босна и Херцеговина треба да спроведе ограничени, но значителни уставни промени. Тој исто така посочи дека нема да има Дејтон 2. „Соединетите држави веруваат дека треба да се фокусираме врз спроведување на ограничени, но значајни уставни, изборни и економски реформи и владеење на правото, со цел да ги обезбедиме правата на сите граѓани во изборниот процес“, наведува Блинкен во писмото.

Тој оцени дека треба да се подобри интегритетот на судството, да се намали обемот на корупција, да се подобри економското закрепнување и да се врати довербата на граѓаните во институциите.

„Ова е остварлива цел, која бара само политичка волја за постигнување на неопходните компромиси“, оценува американскиот државен секретар, наведувајќи: „Соединетите држави ќе бидат партнер во овој напор, но лидерите во Босна и Херцеговина ќе мора да работат напорно. Ве повикувам сериозно да се вклучите во овој процес, за да им го дадете на овие прашања вниманието што го заслужуваат“. Тој оцени дека претходните обиди за уставни измени во БиХ пропаднале, бидејќи, како што нагласи, бил направен обид „да се направи премногу одеднаш“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести