1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

Блинкен за слободни и фер избори на Хаити

Најчитани вести

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, ги повика политичките лидери на Хаити да работат на слободни и фер избори подоцна оваа година, откако американската делегација ја посети земјата за да ја процени ситуацијата по убиството на претседателот Жовенел Моиз минатата недела.

– Ги повикуваме политичките лидери на земјата да ја водат земјата во согласност со посеопфатна, мирна и безбедна визија и да го отворат патот за слободни и фер избори оваа година, изјави Блинкен пред новинарите во Стејт департментот.

Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, беше убиен во средата во неговиот дом во главниот град Порт-о-Пренс. Властите соопштија дека во атентатот учествувале 26 Колумбијци и двајца Американци со потекло од Хаити.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести