21.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Блинкен до Петков: Брз пристап во ЕУ на сите аспирантки

Најчитани вести

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен за време на вчерашната виртуелна средба со бугарскиот премиер Кирил Петков ја истакнал „важноста од брз пристап во ЕУ за квалификуваните аспиранти“, пренесува Гласот на Америка.

Прајс во соопштението вели и дека „секретарот Блинкен ја нагласи важноста на обединетиот одговор на НАТО и на САД-ЕУ кон неоправданата и неиспровоцирана инвазија на Русија на Украина и рече дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат модернизација на одбраната и приоритетите на енергетската безбедност на Бугарија“.

Петков напиша на Твитер дека со Блинкен разговарале за зголемување на соработката и диверзификацијата на енергетските извори.

„Бугарија и САД се сојузници и стратешки партнери и енергетската соработка ќе допринесе за зголемување на енергетската безбедност и диверзификација во регионот“, напиша Петков.

И демократскиот сенатор Крис Марфи денес објави дека се сретнал со бугарскиот премиер со кого разговарале за енергетска поддршка, со цел да се стави крај на зависноста на Бугарија од руските гас и нафта.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com